Во моментот како што стојат работите само губиме и тонеме....
Што бидна со уставниот суд?
И покрај 100-те најави за генерален штрајк, ниеднаш не се случи такво нешто.Ниеднаш не беа организирани сите матуранти од земјава да дојдат да го искажат своето незадоволство, цврсто да истраат во своите барања и да издржат до крај.По се изгледа и дека такво нешто нема шанси да се случи...Дел од претставниците во иницијативниот одбор се повлекоа, некои ученици кренаа раце, други се исплашени дека ќе добијат кец, дека нема да слават матура (ако не сте умни нема чоколадо) итн!
Земајќи го в предвид тоа дека едно училиште неможе да биде доследно и сложно, неможе да бидат ни сите во Македонија.Едноставно нели организираноста е 0.Па земете пример од останатите масовни протести (пр. како се организира и актуелизира протестот за името на нашата земја од невладина организација), како се масовизираат и успеваат.Нас кога ќе не прашаат зошто штрајкуваме се кезиме и викаме "па незнам,не ни се иде у школо" или даваме различни искази како на пример "сакаме да полагаме ама олеснето","не треба да полагаме","треба да полагаме ама само 2-3 предмети" и сл.
Епа драги мои така неможе! Затоа не ни успева ништо,не сме единствени, а за постигнување на некаква цел треба да бидеме ЕДНО!
Очигледно дека само 2% од матурантите знаат зошто не треба да се полага матурата оваа година и знаат со факти и аргументи да го одбранат тоа мислење, а на останатите секако им е поважно кафето.
Еее...фали пропаганда (ако може така да се нарече). До секој матурант треба да стигнат образложенијата зошто сме против матурата и зошто треба да сме единствени и цврсти во сите искази. Ама нема такви што ќе се нафатат активно да ја шират "пропагандата",на сите им е страв.
Затоа ништо нема да направиме...залудно си трупаме часови за обработување (тие малкуте што одиме да се мрзнеме) и ќе си ја пасеме тревата како што ќе ни кажат!