Државната матура повторно пред Уставен суд. Матурантите поднесоа иницијатива за испитување на уставноста на овој проект. Главниот аргумент им е дека средното училиште треба да го завршат под условите под кои го започнале. Во конкурсот за нивно запишување во средно училиште не стоело дека ќе полагаат државна матура, испитниот материјал не бил во согласност со тоа што го учеле, канцелариите во училиштата за информирање за државната матура не функционирале, а Владата кон крајот на 2006-тата донела одлука дека и во оваа учебна година нема да се полага државна матура.
- Ги искористивме демократските права на протести, на бојкот на наставата, но министерството не се свести и затоа го преземавме овој правен чекор, да поднесеме иницијатива пред Уставниот суд на Република Македонија. Уставниот суд на Република Македонија во 2005 година има донесено одлука дека ја повлекува од сила државната матура. Односно, се надеваме дека Уставниот суд повторно ќе ја пресуди истата одлука, односно само ќе ја потврди одлуката - изјави Михаил Младеновски од Иницијативниот одбор за неспроведување на државната матура.
Матурантите се надеваат дека Уставниот суд ќе ја донесе одлуката до Мај и дека ќе потврди дека тие биле во право. Од судот велат дека не се обврзани со рокови. Во следниве два месеца ќе започнеле со прибирање на документи од Владата, Министерството за образование и Собранието, за утврдување на фактичката состојба. Дотогаш матурантите остануваат во неизвесност дали ќе ја полагаат државната матура и од што да ја подготвуваат.